Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белгискиот клуб, Ст.Труден е заинтересиран за напаѓачот на Шкендија и македонската репрезентација, Бесарт Ибраими.
Тетовчани најверојатно од овој трансфер ќе заработат околу 200.000 евра.
После фантастичната игра на Ибраими со која го привлече вниманието, стигнаа и понудите за него. Прв заинтересиран беше Макаби Тел Авив, но најверојатно Ибраими кариерата ќе ја продолжи во Белгија. Бесарт во следните денови ќе потпише за Ст.Труден, а Шкендија во следните денови ќе одлучи дали ќе се раздели со овој фудбалер.