Бен Арфа одби да премине во Севиља и останува во Франција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако трансферот во Шпанија е најавен како готова работа, францускит фудбалер одби премин во Андалузија, и како што работите стојат ќе стане нов член на ПСЖ.

Овој 29-годишен фудбалер беше главна желба на некогашниот тренер на Севиља Унаи Емери, кој неодамна потпиша за ПСЖ, а желбата не прекина ни со доаѓањето во редовите на шампионот на Франција.

Бен Арфа се одлучи да се придружи на најдобриот француски тим. Наскоро зделката може да биде и официјално склопена, па овој фудбалер веројатно ќе го гледаме во дресот на Парижаните во наредната сезона.

Одличниот Бен Арфа позади себе имаше фантастична сезона во Ница. Постигна 18 погодоци во 37 настапи, и уште еднаш потврди дека се работи за навистина одличен фудбалер.