Беневенто се врати во Серија А, а само неколку часа подоцна донесе големо засилување


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Беневенто успеа да се врати во Серија А синоќа, иако остануваат седум кола до крајот на сезоната.

Тимот предводен од легендарниот Пипо Инзаги е навистина фантастичен оваа сезона и на седум кола пред крајот на Серија Б успеаја да го обезбедат првото место и да се вратат во друштво на најдобрите.

Но, тоа не беше единствената добра вест за навивачите на Беневенто. Имено, само неколку часа подоцна, беше потврдено дека пристигна големо засилување за новата сезона, а тоа е францускиот репрезентативец Лоик Реми.

Реми синоќа пристигна на лекарски преглед и треба да потпише договор со Беневенто денес. Тој пристигнува во клубот како слободен агент откако му истече договорот со Лил.

“Ова е најдобриот избор за мене и не можам да дочекам да играм во дресот на Беневенто. Морам да направам медицински, а потоа да одам да го потпишам договорот. Разговарав со Бакари Сања пред да дојдам бидејќи играше за Беневенто. Тој ми даде добри информации за клубот и јас прифатив нивната понуда “, рече Реми по пристигнувањето во Италија.