Бенфика го надигра Спортинг во последниот натпревар на Бруно Фернандеш за клубот од Лисабон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите очи денеска беа вперени во Лисабон затоа што Бруно Фернандеш го играше својот последен натпревар пред да се пресели на „Олд Трафорд“.

Неговиот Спортигн загуби во дербито од Бенфика со 2:0, а двата погодоци беа постигнати во последните 20 минути од средбата.

Спортинг беше поблиску до погодок, меѓутоа домашните играчи не успеаја да ја затресат мрежата на гостинот.

За разлика од нив, Рафа Силва кој влезе во игра во вториот дел со два погодоци донесе победа за Бенфика. Со оваа победа Бенфика  се зацврсти на првата позиција на табелата со седум бодови повеќе од Порто.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во дресот на Спортинг Лисабон.