Бенфика не попушти: Челси се откажа од трансферот на Енцо Фернандез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси се договори со Енцо Фернандез за трансфер, меѓутоа не можеше да се договори и со Бенфика која остана на ставот дека сака 120 милиони евра.

Откупната клаузула на Енцо изнесува 120 милиони евра, а Челси ниту во еден момент не планирал целосно да ја исплати, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Романо објави дека премиерлигашот сакал да плати 85 милиони евра за услугите на аргентинскиот репрезентативец, меѓутоа Бенфика не ја прифати понудата.

Постоеле и други опции, односно Челси да го испрати Хаким Зијеш плус да доплати 90 милиони евра за Енцо, но ниту тоа не било прифатливо за португалската екипа.