Бентеке го напушта Енфилд, но останува во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Кристијан Бентеке се наоѓа на излезните врати на Ливерпул.

Овој фудбалер пред почетокот на сезоната стигна од Астон Вила за дури 46 милиони евра, но позади себе иам многу лоша сезона.

Бентека веќе одамна го прогласија за промашување, па за очекување е да не се задржи долго на Енфилд.

Белгиецот веќе во ова лето треба да го напушти Ливерпул, но се укажува на тоа дека ќе остане во Премиер лигата.

Интерес за Бентеке покажа Вест Хем, но се појави приказна дека го сака и Челси. Новиот менаџер на Сините Антонио Конте наводно му нуди на Бентеке место во првите 11, а во него гледа совршен партнер за Диего Коста.

Кристијан Бентеке во минатата сезона одигра 42 натпревари и постигна десет погодоци.