Бентеке пред заминување: Белгиецот се договори со новиот клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијан Бентеке пристигна на “Енфилд” како големо засилување, но не се наигра. Особено не после доаѓањето на Јирген Клоп.

Белгиецот е се поблиску до трансфер во Кристал Палас.

Англиските медиуми тврдат дека договорот е постигнат и дека наскоро Бентеке ќе стане нов член на Палас.

Напаѓачот кој има 24 години минатата сезона одигра само 14 натпревари и сега сака поголема минутажа. Очигледно е дека таа во Ливерпул нема да ја добие, па се одлучи на заминување.

“Црвените” за неговите услуги бараат 32 милиони евра, додека од Палас се обидуваат да ја намалат цената.

Бентеке во минатата сезона беше “џокерот” од клупата на Клоп.