Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го искористи домашниот терен и помошта од публиката на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ и го растури ПСЖ со 3-1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
„Кралевите“ се пласираа во следното коло со вкупни 3-2 против парижаните, а херој на шпанскиот гигант беше францускиот напаѓач Карим Бензема, кој постигна хет-трик за 17 минути во второто полувреме.
Бензема на тој начин стана и највозрасниот фудбалер кој постигнал хет-трик во ЛШ на 34 години и 80 дена, а овие три гола ќе ги памети уште долго.
Karim Benzema is the oldest player to score a hat trick in Champions League history at 34 years and 80 days old.
— B/R Football (@brfootball) March 9, 2022
He did it when it mattered most for Real Madrid 🌟 pic.twitter.com/0XiLFUYcoY