Бензема даде изјава за Халанд и ги израдува навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема доби неколку новинарски прашања пред реваншот со Аталанта во Лигата на шампиони, а едно од нив беше посветено на Ерлинг Халанд.

Чудото од дете на Норвешка често се поврзува со „кралевите“ и на лето би можел да го напушти тимот на Борусија Дортмунд, а како една од можните дестинации се споменува Реал Мадрид.

Најдобриот стрелец на „кралевите“ во моментов кажа дека нема ништо против тоа Халанд да дојде во екипата и ги израдува фановите.

„Не сакам да зборувам за играчите кои не се тука во нашата екипа. Често зборуваме за тие кои не се во Реал. Халанд постигнува многу голови, тоа е вистина, но тој тоа го прави за својата Борусија. А, ако еден ден има прилика да дојде овде, нека дојде, немам ништо против“, вели Бензема.