Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Францијал, Ноел Ле Грет вчера официјално ја затвори вратата во репрезентацијата за Карим Бензема.
Тој порача дека напаѓачот на Реал Мадрид е одличен фудбалер, но нема да игра затоа што се однесувал како „магаре“ кон Матје Валбуена.
Веднаш потоа следеше одговор на Бензема на навреите на Ле Грет, па порача дека тој не смее да реши каде 31-годишниот фудбалер ќе ја заврши репрезентативната кариера.
„Ноел, мислам да не се мешате во селекторските одлуки. Знаете дека само јас ќе ставам крај на мојата меѓународна кариера. Ако мислите дека сум завршил, пуштете ме да играм за една од земјите за кои имам право, па ќе видиме“, порача Бензема.
Бензема е роден во Лион, но поради своето потекло има и алжирско државјанство. Во кариерата дресот на „триколорите“ го носеше 81 пат и постигна 27 гола, а последен пат настапи во август 2015 година.
Noël je croyais que vous n’interfériez pas dans les décisions du sélectionneur!Sachez que c’est moi et moi seul qui mettrait un terme à ma carrière internationale.
— Karim Benzema (@Benzema) November 16, 2019
Si vous pensez que je suis terminé, laissez moi jouer pour un des pays pour lequel je suis éligible et nous verrons.