Бензема го „запали“ Мадрид: Со Мбапе ќе даваме двојно повеќе голови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец и предводник на Реал Мадрид, Карим Бензема даде интервју за француски „Л’Екип“ и ги возбуди навивачите на шпанскиот гигант.

Бензема го најави трансферот на Мбапе, кој треба да се пресели на крајот на сезоната во Реал Мадрид, иако вчера кажа дека сè уште не донел конечна одлука.

Искусниот напаѓач вели дека ќе бидат поефикасни во нападот кога ќе дојде неговиот помлад сонародник, кој има желба од дете да го облече „кралскиот дрес“.

Мбапе има договор до лето, по што се очекува да го напушти ПСЖ, иако богатите газди се обидуваат со различни понуди да го убедат да остане во Париз.