Бензема ја изненади управата на Реал Мадрид – побарал да замине поради една причина!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема веќе неколку сезони е најдобар фудбалер на Реал Мадрид, а главна ѕвезда стана по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Бензема во досегашниот дел од сезоната настапи на 27 меча во сите натпреварувања и постигна 24 гола, па така покажа дека е еден од најдобрите во светот.

Овој 34-годишен фудбалер има договор со „кралевите“ до 2023 година, но шпанскиот гигант сака да му ја продолжи соработката. Бензема кажа дека нема ништо против тоа, но би можела да се промени ситуацијата.

Познато е дека Реал сака да се засили ова лето и се очекува пристигнување на Килијан Мбапе, кој треба да игра во тандем со Бензема.

Сепак, работите се промениле откако се појавија шпекулации дека Реал сака да го донесе и Ерлинг Халанд, кој би бил жестока конкуренција за Бензема.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бензема го изненадил раководството затоа што му кажал дека сака да замине од екипата, ако на лето пристигне и Халанд.