„Бензема ја загуби акредитацијата, му кажав нема да играш против Челси, ќе седиш на трибини“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-1 против Челси во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) во Лондон, а сите три гола за шпанскиот гигант ги постигна Карим Бензема.

Бензема уште еднаш покажа зошто е најдобар фудбалер на „кралевите“, откако постигна шест голови на последните два меча во нокаут-фазата од натпреварувањето.

Французинот пред натпреварот имал интересен проблем, кога ја заборавил акредитацијата, а тренерот Карло Анчелоти се пошегувал со него.

„Му кажав дека нема да игра затоа што ја изгуби акредитацијата без која не може да се влезе на терен. Нè спаси масерот кој ја пронајде неговата пропусница, по што се изнасмеавме сите“, вели Анчелоти.