Бензема се повреди, се ближи јануари, но одлуката на Реал Мадрид ќе ги изненади навивачите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид остана без најдобриот напаѓач Карим Бензема кој повторно се повреди на тренингот на Франција и го чека подолга пауза, а шпанскиот тим очигледно нема намера да ангажира негова замена.

Дел од навивачите очекуваа засилувања во јануари, но тренерот Карло Анчелоти ќе мора да смета на фудбалерите кои ги има во тимот, односно нема да добие замена за Бензема.

„Марка“ објави дека „кралевите“ не планираат да купат нов напаѓач во јануари, односно ќе почекаат Бензема да се врати на теренот, по што потенцијално засилување во нападот ќе обезбедат следното лето.

Во отсуство на Бензема, Родриго ќе добие шанса во нападот, но засега не е познато колку долго може да ја предводи екипата.