Бензема со емотивна порака: Сакав да се пензионирам во Реал, но…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карим Бензема ќе потпише тригодишен договор со Ал-Итихад од Саудиска Арабија и ќе стане втора голема ѕвезда во нивниот шампионат, по Кристијано Роналдо кој претходно потпиша за Ал Наср.

Францускиот напаѓач даде емотивна изјава и им се заблагодари на навивачите, но и соиграчите за поддршката која ја добивал во изминатите години.

„Тешко ми е. Имав среќа да си го остварам сонот и да заиграм за клубот кој го сакав од моето детство. Благодарност до соиграчите, тренерот и претседателот. Ова е тажен ден за мене затоа што го напуштам клубот кој го сакам и тоа ме боли. Сакав тука да ја завршам кариерата, но за мене се отворија нови можности. Мадрид секогаш ќе биде мое семејство“, кажа Бензема.