Бензема: Со нетрпение го чекам мечот во недела


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема се врати на тренинг по повредата и ќе биде подготвен да им помогне на своите соиграчи во седмото коло против Осасуна во Ла Лига.

Бензема паузираше три недели поради повреда на тетивата и бутниот мускул, но сега за медиумите вели дека е подготвен за следните предизвици.

„Се чуствувам добро и со нетрпение го чекам мечот в недела“, кажа Бензема.

Французинот сезонава одигра шест меча во сите натпреварувања и притоа постигна четири погодоци за „кралевите“.

Реал Мадрид е прв во Ла Лига со 18 освоени бодови по шест одиграни кола, додека во Лига на шампиони има шест бода по два одиграни меча.