Бензема со објава го заврши пријателството со Мбапе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ на уште три години и така го разочара Реал Мадрид.

Мбапе преговараше со двете екипи, а во Мадрид беа сигурни дека ќе потпише за нив, но сега се чувствуваат предадено од Французинот.

Еден од тие кои се разочараа е Карим Бензема, кој очекувал Мбапе да потпише за шпанскиот шампион, па објави фотографија на Инстаграм која очигледно е посветена на неговиот сонародник.

Очигледно Бензема смета дека Мбапе е предавник поради тоа што го направи и сега ќе видиме каков ќе биде нивниот однос во француската репрезентација.