Бензема утна пенал, па Реал се спасуваше од срамен пораз сред Мадрид 🎥


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Карим Бензема немаше своја ноќ против Елче, а тоа можеше да му пресуди на крајот на Реал Мадрид, кој сепак успеа да извлече бод против ривалот во последните минути (2-2).

Францускиот напаѓач во 33. минута утна пенал, додека Елче потоа поведе преку Боје (1-0) во завршницата на првото полувреме.

Реал во второто полувреме се обидуваше да стигне до гол, но нивните обиди беа неуспешни, а казната пристигна преку Милја (2-0).

„Кралевите“ тргнаа во целосна офанзива во последните 10 минути од натпреварот затоа што немаше повеќе што да загубат и намалија на 1-2 преку Модриќ од пенал, а Милитао ги спаси во 92. минута.

Реал е лидер на табелата со 50 бодови, односно четири повеќе од Севиља.