Бензема влезе во „клуб 300“ и стана четврти фудбалер во историјата на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид гази кон титулата во Шпанија, а единствен ривал најверојатно сезонава ќе им биде Севиља, додека капитенот Карим Бензема испиша историја.

Реал славеше во саботата со 4-1 против Валенсија, а францускиот интернационалец постигна два гола, и тоа првиот од пенал, а вториот во 88. минута.

За Бензема ова беа 300. и 301. гол откако стигна во тимот во 2009 година од Лион. Французинот влезе во „клубот 300“ во кој до вчера беа само тројца фудбалери, а тоа се Кристијано Роналдо со 450 гола, Раул со 323 и Алфредо Ди Стефано со 309.

Бензема до крајот на сезоната најверојатно ќе го премине Ди Стефано, а има можност и за Раул, иако тоа ќе биде поголем залак.