Бензема за најхрабриот потег во кариерата: Го чекав овој момент… (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема беше еден од најзаслужните што Реал Мадрид обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), откако постигна гол од пенал против Манчестер сити.

Милиони навивачи пред малите екрани очекуваа Бензема да изведе пенал на најбезбедниот начин, но тоа не се случи, туку Французинот се реши на голем ризик и со паненка го матираше Едерсон.

„Го чекав вистинскиот момент како тој, еден ваков меч во кој има голем притисок. Тој притисок ви помага да направите потег како тој“, вели Бензема.

Бензема според многумна ја заслужи „Златната топка“ и ќе биде вистинска неправда доколку на крајот не ја освои.