Бензема застана во одбрана на Меси, а потоа даде коментар за Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема смета дека Лионел Меси не ги заслужува критиките со кои се соочува по преселбата во ПСЖ.

Меси минатото лето се пресели во Париз, а во дресот на парижаните постигна само шест гола на 16 настапи, а само еден од нив беше во домашното првенство.

„Ќе биде чудно да се сретнам со него, по толку години кои ги помина во Барселона. Тој е еден од најдобрите во свет. Зошто досега не го покажа тоа што го знае во ПСЖ? Му треба време да се прилагоди. Не може да критикувате таков фудбалер, кој го прави тоа, значи дека не се разбира во фудбал“, кажа Бензема.

Францускиот напаѓач зборуваше и за дуелот со соиграчот од француската репрезентација, Килијан Мбапе.

„Ќе биде интересно, зашто сме во добри односи. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сакав да победам, сигурен сум дека тоа е негова цел. Дали зборувавме за мечот? Искрено, разговаравме на многу теми, но не и натпреварот“, вели Бензема.