Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ги разочара своите навивачи откако на домашен терен загуби со 0-4 од Барселона, но и покрај тоа останува во пол-позиција за трката за титулата во Ла Лига.
Тренерот Карло Анчелоти експериментираше со формацијата, затоа што не можеше да смета на Карим Бензема, а се покажа дека 4-4-3 и 3-5-2 беа целосно промашување.
Италијанскиот тренер реши да го одмори Бензема за да биде подготвен за финишот од сезоната, а без него едноставно екипата нема решение во нападот.
Поразот од Барселона го налути и Бензема, кој јавно реши да ги критикува неговите соиграчи поради очајниот настап.
„Вечерашниот срамен пораз против Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вчера кога се разбудив, видов дека Винисиус и Касемиро заедно пијат и играат ФИФА. Ги прашав зошто не одмораат, а Винисиус ми кажа дека немало потреба затоа што го нема Меси“, вели Бензема.