Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов имаше само критики на сметка на неговиот бивш клуб по ремито со Астон вила (0-0).
За играч на натпреварот беше прогласен ветеранот Џони Еванс, а тоа предизвика реакција од поранешниот бугарски напаѓач.
„Сите што се појавија на теренот треба да се засрамат. Еванс беше најдобар играч, младите треба да го следат неговиот пример и да помогнат за подобри резултати“, кажа Бербатов.
„Ѓаволите“ се наоѓаат на 14. место во Премиерлигата со само осум освоени бодови.