Берлускони: Ако ги победите Милан или Јувентус, ќе добиете автобус со проститутки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони пред неколку години ја презема Монца со која стигна до Серија А и главна цел му е да обезбеди опстанок во елитата.

Монца има 16 бодови во досегашниот дел од сезоната и се наоѓа на 14. позиција, а првиот човек на клубот имаше интересен говор со кој сакаше да ги мотивира неговите фудбалери.

„Најдовме нов тренер кој беше во младинскиот тим, а решив дополнително да ги мотивирам и фудбалерите. Им кажав на момците дека ќе играме против Милан, Јувентус и други, па ако победат некој од овие големи тимови, ќе добијат автобус со проститутки“, кажа Берлускони.