Берлускони го побарал Македонецот: Несторовски го напушта Удинезе, но останува во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски најверојатно ќе го напушти Удинезе по само една сезона, а неговиот план е да остане во Италија.

Несторовски доби многу понуди, но од екипи кои се натпреваруваат во Серија А. Еден од нив е Бреша, која е со една нога во втората италијанска лига, а македонскиот фудбалер ќе треба да го предводи нејзиниот напад.

Исто така, интерес за Несторовски има од Кротоне и Фросиноне, но за неговиот потпис ќе се борат и Силвио Берлускони и Адријано Галијани, односно Монца.