Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми повторно пишуваат за продажба на Милан.
Веќе некое време се пишуваше за тоа дека Силвио Берлускони има намера да продаде 80% од акциите на клубот на кинеските инвеститори, а како што пишува во вторникот договорот бил постигнат.
После три месеци доцнење на преговорите поради здравствените проблеми на Берлускони, наводно договорот е веќе постигнат и на кинескиот партнер ќе му припаднат 80% од клубот за 750 милиони евра вклучувајќи го и долгот од 240 милиони евра кој ќе го превземат на себе.
Берлускони како што наведуваат некои извори одржал состанок со луѓето од Финивестам компанија која ја основаше кога стана сопственик на Милан, па спороед договорот тој ќе остане претседател и во наредните три години. Потоа, кинескиот фонд ќе има можност да ги купи преостанатите 20%.
Во Италија сите очекуваа потврда на оваа вест во наредните неколку дена.