Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите и понатака траат, но Кинезите го аминуваа изборот на Берлускони. На крајот „Витезот“ го истера своето.
„Република“ пишува дека потпис може да следи веќе денеска, но се чини дека Милан ќе сочека неколку дена пред да го промовира Виченцо Монтела.
Тој беше мета уште додека ја водеше Фиорентина, не се прослави во Сампдорија каде што го наследи Зенга, се зборуваше дека може да стане и селектор, на крајот доби шанса во Милан.
Монтела е компромис, Берлускони сакаше да го задржи Броки кој сепак одби да стане тренер, оди во Бреша бидејќи знае дека во Милан веројатно ќе биде сменет после неколку порази.
Галијани го сакаше Џампаоло, Кинезите кои и понатака преговараат не гледаат благонаклоност на овој потег на Берлускони, но време нема, подготовките почнуваат за 10 дена.
Тие сакаат некое поголемо име, но не можат да поставуваат услови, не се очекува, ако и договор се постигне, примопредавањето ќе биде извршено одма, токму тој транзиционен период од неколку месеци е и опасност за Милан.
На крајот, Берлускони го истера своето, Сампдорија нема да прави проблем на Монтела, дури ја одреди клаузулата од милион евра за неговата слобода. Изгледа ни Доријаните не се задоволни како Аеропланино работеше. Сепак, тимот го превзеде во текот на сезоната, пред тоа на клупата на Фиорентина направи добра работа.
Сепак, Монтела ќе мора да се соочи со организациската, но и со сите други проблеми, на овој Милан се потребни големи засилувања и кинески пари со цел да исплива од најголемата криза во последните три децении.
Деновите поминуваат, тие наводните 100 милиони кои ќе се вложат во преодниот рок не се доволни, но некои сметаат подруго. Едноставно, ривалите се пресилни за тоа да може да се исправи за едно лето.
Во секој случај, Монтела е изгледа нов тренер, што понатака ќе се случува, како и обично, знае само Берлускони.