Берлускони има големи амбиции: Дибала и Икарди доаѓаат во Монца!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони е сопственик на Монца, која следната сезона ќе игра во Серија А, па поради тоа неговите амбиции се големи.

Берлускони заедно со Адријано Галијани планираат да ги ангажираат Мауро Икарди од ПСЖ, како и Паоло Дибала, чиј договор со Јувентус му заврши и сега е слободен фудбалер.

Првиот човек на Монца вчера разговарал со Ванда Нара, која е сопруга и агент на Икарди, па наскоро се очекува да биде постигнат договор за враќање на Аргентинецот во Италија.

Берлускони веднаш потоа ќе тргне и по потписот на Дибала, но конкуренцијата ќе биде посилна затоа што се заинтересирани Интер и Милан за одличниот фудбалер.