Берман ги надминал очекувањата на Ферари во Саудиска Арабија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот Оливер Берман возеше на местото на Карлос Саинц на трката за Големата награда на Саудиска Арабија и ги надминал очекувањата на Ферари.

Бирман на квалификациите заврши на 11. место, додека на трката го освои седмото место и освои шест бодови, а за настапот пристигнаа пофалби од директорот на Ферари, Фредерик Васер.

„Тоа беше одлична трка за Шарл и Оли. Ова ни беше хаотичен викенд. Четвртокот беше тежок за Карлос. Во последен момент го повикавме Бирман и тоа беше добар потег. Моравме да бидеме внимателни со инструкциите за да не му вршиме голем притисок, но тој беше одличен на патеката“, кажа Васер.