Бернардо Силва се најде на удар на англиската јавност бидејќи расистички го вреѓал својот соиграч


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Бернардо Силва се најде на жесток удар на англиската јавност поради коментарот на сметка на својот соиграч Бенџамин Менди.

Силва го обвинија на расна основа бидејќи сметаат дека го навредил својот соиграч од Манчестер Сити, но очигледно е дека тоа не е така. Португалецот вчера објави фотографија за која многумина сметаат дека е расистички упатена кон Менди.

Навивачите во Англија ги „запалија“ социјалните мрежи поради овој потег на играчот на Сити и жестоко го осудија неговото однесување. Но, за работите да бидат полоши, навивачите „копале“ подлабоко на неговиот Твитер профил и пронашле уште едно вознемирувачко видео.

Имено, Силва објави видео на кое е и Менди, а кога го снимил својот соиграч тој го питал: „Зошто си без мајца?“ алудирајќи на тоа дека Менди носи црна маица.

После сево ова, португалскиот фудбалер повторно се јави на твитер поради тоа што бил шокиран од се што се случува и напишал: „Повеќе не можеш да се пошегуваш ниту со својот пријател овие денови“.