Јирген Клоп стори се што може во своите редови да го донесе фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Наби Кеита.
Ливерул стигна до неговиот потпис во 2018 година кога се согласи да плати 60 милиони евра на германскиот клуб за Кеита да биде ослободен од обврските.
Сепак, фудбалерот од средниот ред не се наметна кај Клоп, па сега од Ливерпул се согласиле да го продадат во летниот преоден рок, и голема е веројатноста тој да се врати назад во Лајпциг.
Што се однесува до неговите настапи во Ливерпул, Кеита одигра 51 натпревар на кој постигна шест погодоци и запиша две асистенции.