Беше шампион на Европа, а сега разнесува храна со комбе за 420 евра месечно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред 35 години романскиот гигант Стеауа стана шампион на Европа. Во далечната 1986 година на пенали ја победи Барселона во Купот на шампионите, односно Лигата на шампиони.

Гигантот од Романија беше и прв клуб од источна Европа, кој станал шампион на Европа. Денес екипата се нарекува ФКСБ бидејќи со одлука на Судот го загуби правото на користење на старото име.

Еден од фудбалерите кои беа дел од шампионската генерација, која се искачи на врвот на Европа, денес вози комбе и разнесува храна по маркети за само 420 евра месечно, а станува збор за Константин Пистол.

„Тоа што се случи беше неверојатно. Мило ми е што стигнав на прославата. Навивачите ни дадоа аплауз, а на подиумот се чувствував како во далечната 1986 година“, кажа поранешниот фудбалер.