Беше ѕвезда на зимскиот преоден рок, а би можел да биде и на летниот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колумбиецот после само шест месеци би можел да ја напушти Кина и да се врати во Европа.

Џексон Мартинез беше ѕвезда на зимскиот преоден рок кога од Атлетико премина во во Гвангжу за 35 милиони евра.
Сепак само шест месеци подоцна, тој би можел да се врати во Европа бидејќи не е задоволен од квалитетот на фудбалот во Кина.

Мартинез одигра девет натпревари и постигна три погодоци, што скромен учинок за напаѓач од негов калибар.

“Џексон е благодарен на клубот, но одлучи да се врати во Европа. Во овој момент решение не е да го загрозиме Гвангжу кој вложи огромна сума. Слушнавме дека Јувентус е заинтересиран за неговите услуги и за него тоа е одлична вест. Јувентус е еден од најголемите клубови во светот”- изјави агентот на фудбалерот, Енрике Помпео.