Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По контроверзното нерешено меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал, шпанските медиуми не штедеа зборови. Највлијателниот спортски весник „Марка“ објави текст кој одекна низ Европа, во кој судењето беше означено како централниот проблем на натпреварот.
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите заврши со резултат 1:1, но резултатот остана во втор план. Во фокусот беа одлуките на холандскиот судија Дани Макиеле, кои предизвикаа лавина реакции.
„Марка“ без милост го отвори текстот со реченица која доволно говори за тонот на анализата – „Лигата на шампионите е срамота”.
Според нивната визија, токму судењето ја одбележа средбата која, како што велат, ќе се одлучува во Лондон.
Шпанскиот весник смета дека трите клучни ситуации со пенали пресудно влијаеле на текот на натпреварот.
Од трите досудени пенали, како што тврдат, судијата посочи на белата точка во корист на Arsenal, додека пенал за Atlético не беше досуден. Во текстот се наведува дека технологијата морала да интервенира во две ситуации, но и тогаш не се исправило сè.














