Бетис договори уште едно големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Бетис одработила одлична работа за тимот во наредната сезона да биде уште посилен.

Нов играч на овој клуб дефинитивно набрзо може да стане Борја Иглесиас. Договор помеѓу двата клуба е постигнат синоќа.

Во наредните неколку часа се очекува овој одличен напаѓач да отпатува на лекарски прегледи и да потпише договор.

Бетис ќе плати за играчот на Еспањол 28 милиони евра, но на две рати. 20 милиони ќе плати веднаш, додека додатните осум во договорениот период.

Ова е петто засилување на Бетис, а до сега стигнаа Фекир, Педраза, Јуанми и Дани Мартин.