„Бев бесен и истрошен, плачев, но одлуката на мојот татко беше таква“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како десетгодишно дете, Серхе Гнабри беше близу Баерн, но неговиот татко не му дозволил тогаш да дојде во редовите на германскиот гигант.

Гнабри е звезда на Лигата на Шампионите после четири постигнати погодоци против Тотенхем во Лондон и голема е веројатноста дека некогашниот играч на Арсенал ќе биде еден од главните стрелци на тимот кој е предводен од Нико Ковач во оваа сезона.

Од 10 години посакувал да игра во Баерн, но желбата на неговиот татко била тој да продолжи во Штутгард каде што се придружил на само 12 години, а на своите 16 години тој веќе продолжил во Лондон.

„Бев многу бесен. Бев потполно истрошен и плачев, но мојот татко се придржуваше кон својата одлука“, рече Гнабри за весникот на Баерн „51“, додавајќи:

„Не смеев да се придружам на Штутгарт додека не наполнив 12 години. Но мора да признаам дека на крајот, одлуката на мојот татко не беше грешка“.

Баерн на крајот потпиша со Гнабри од Вердер Бремен во 2017. година и го прати на позајмица во Хофенхаим.

24-годишниот играч на крај дебитираше за Баварците во септември 2018. година и постигна 18 погодоци во 50 одиграни натпревари во дресот на Баерн.