„Бев на забава кај Роналдо, доаѓаа автобуси со жени…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иван Елгера одработи јавување во живо на Инстаграм во кое разговараше со познат шпански новинар и водител, па откри некои интересни детали.

Поранешниот дефанзвиец на Реал ги демантираше тврдењата на Роберто Карлос дека фудбалерите не тренирале во утринските часови ако вечерта биле на забава.

„Бекам, Зидан и Фиго беа големи професионалци. Роберто Карлос и Роналдо сакаа да излегуваат, но не го правеа тоа секој ден. Ако победевме во сабота, одевме само на вечера и излегувавме надвор“, кажа Елгера.

Сепак, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид откри и нешто што се случилона роденденот на Роналдо.

„Нешто се случи во клубот во 2003 година по киксот во Лиигата на шампиони. Сакаа да го избркаат Дел Боске, но ние сакавме да остане. Не ни се допаѓаше начинот на кој Флорентино Перез се однесуваше. На еден од родендените бев со својата сопрруга, кога почнаа да доаѓаат автобуси со жени, ние заминавме дома, а потоа и Фиго. Забавата беше во домот на Роналдо, кој потоа му го продаде на Рамос“, раскажува Елгера.