Без победник на дербито на Кинг Пауер стадионот!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Лестер и Арсенал во 2 коло од Премиер лигата ги поделија бодовите на Кинг Пауер стадинот во меч без голови (0:0).

Од натпреварот на шампионот и вицешампионот на Англија се очекуваше многу повеќе, но публиката на крајот не виде ниту еден гол.

Арсенал во првото полувреме се закануваше преку Окслејд Чембрлејн и Џака, додека една колку-толку сериозна шанса за домашниот тим имаше Џејми Варди.

Во второто полувреме, Лестер имаше добра шанса преку Марез, кој во 56 минута добро шутираше од слободен удар. После тоа се закани и Варди, но без промена на резултатот.

Арсенал во финишот беше агилен тим, но поблиску до победата беше Лестер.

Домаќините во 88 минута требаше да добијат најстрога казна после што е срушен Муса, но судијата не се огласи.

До крајот на натпреварот, домаќините имаа уште една голема шанса, и тоа во третата минута од продолжението, кога Дринквокер лошо изведе слободен удар од идеална позиција.

Остана 0:0, па двата тима го освоија својот прв бод во новата сезона.