Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона рече дека не е сигурен дали заминувањето па брзото враќање на Лионел Меси во репрезентацијата беше лага, со цел да се прикријат лошите резултати на државниот тим.
Меси во јуни, после поразот во финалето на Копа Америка, трет по ред неуспех на Аргентина во финалните натпреварувања, сооопшти дека се повлекува од репрезентацијата, но после разговорот со новиот селектор Едгардо Бауза, на 12 август соопшти дека се враќа во тимот.
Марадона не е сигурен дали целата сага всушност е лага со цел да се прикријат неуспесите од финалето на СП 2014, Копа Америка 2015 година и овогодинешната Копа Америка.
„Не знам дали повлекувањето на Меси од репрезентацијата а наместено, со цел да се заборави фактот дека загубивме три финалина по ред. Момчето прво рече дека сакаше да се откаже, а потоа успеа да се предомисли за само неколку недели“, рече Марадона за радио “Ла Ред“.
Меси така ќе биде на располагање на селекторот за натпреварот со Уругвај на 1 септември и пет дена подоцна против Венецуела, во квалификациите за СП во Русија 2018 година.