„Би сакал да играме со Реал Мадрид или Јувентус во осминафинале на ЛШ, имаат убави химни!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лајпциг успеа да го победи Манчестер јунајтед со 3-2 во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и го елиминираше премиерлигашот.

Јулијан Нагелсман е најмлад тренер во топ 5 лигите во Европа, а и оваа сезона со Лајпциг обезбеди нокаут фаза во ЛШ, но не се плаши од фаворитите.

„Мило ми е што ме прашавте кој клуб би го сакал за противник. Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал Мадрид и Јувентус имаат неверојатно убави химни, па би сакал еден од овие клубови. Ќе видиме. Би можел да им ги пеам химните, но не на перфектен шпански или италијански“, кажа Нагелсман.