Биелса си замина од кормилото на Лидс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марсело Биелса го препороди Лидс и го однесе во Премиерлигата, меѓутоа по четири години соработка дојде крајот, па така Аргентинецот си замина од кормилото на тимот.

Тимот од „Еланд Роуд“ се наоѓа во очајна серија, а во претходните пет меча освоија само два бода и имаат катастрофална гол-разлика од 2-17.

Лидс до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата, а во мометнов имаат само два бодови повеќе од зоната за испаѓање од лигата.

Англиските медиуми пишуваат дека на клупата на Лидс ќе седне поранешниот тренер на Лајпциг, Џеси Марч, кој ќе го замени Биелса.