Биелса застана во одбрана на Алиоски по лошиот меч против Тотенхем

Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски нема по добро да го памети мечот против Тотенхем во Премиерлигата, затоа што Лидс загуби со 0-3.

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса застана во одбрана на Алиоски и кажа дека тој не бил виновен за пеналот, туку екипата имала лоша организација во одбраната.

„Алиоски не е воопшто виновен за пеналот, јас се чувствувам одговорно затоа што целата екипа имаше проблеми со организацијата и тоа направи проблеми во одбраната“, вели Биелса.