Бил доставувач на пица и играл аматерски фудбал, ама синоќа го урна Атлетико Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан вчера триумфираше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 1-0 во мечот од петтото коло во групната фаза во Лигата на шампиони и остана во битката за место во нокаут-фазата.

Ливерпул го обезбеди своето место во осминафиналето, на второ место е Порто со пет, додека Милан и Атлетико имаат по четири бодови.

„Росонерите“ синоќа славеа со голот на Жуниор Месиас со голот во 87. минута, но тој е вистински пример дека никогаш не треба да се откажувате од соништата.

Овој 30-годишен фудбалер пристигна во Милан на позајмица од Кротоне, а иако има 30 години, сепак професионалната кариера ја почна неодамна.

Во 2011 година стигнал во Италија за да работи различни работи, па фудбалот му бил во втор план. Месиас прво на аматерско ниво играл додека живеел во Торино, а притоа доставувал пица.

Својата професионална кариера ја почнал дури во 2015 година, а пред две години го облече дресот на Кротоне и заигра во Серија А.