Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул би можел во јануари да го засили дополнително нивниот состав, иако во моментов се убедливо први на табелата во Премиерлигата.
Екипата на Јирген Клоп има девет бодови повеќе од Манчестер сити и осум од Лестер сити и Челси, а според „Билд“, Ливерпул би можел да се засили со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Дортмунд е подготвен да го продаде Санчо за 140 милиони евра, па Ливерпул најверојатно ќе се обиде да го купи со таа сума. За Англичанецот заинтересиран е и Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но Санчо наводно нема ништо против тоа да се пресели на „Енфилд“.
Клоп го сакаше Санчо уште во 2017 година, додека беше фудбалер на Манчестер сити, но тогаш „граѓаните“ не сакаа да продадат ѕвезда на еден од најголемите конкуренти во Премиерлигата.