Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Давид Алаба и раководството на Баерн Минхен веќе неколку месеци водат преговори за нов договор, но засега никако не успеваа да се договорат.
Австрискиот фудбалер не се согласи на платата која му ја нудеше баварскиот тим и која со бонуси требало да изнесува 19 милиони евра годишно.
Алаба бараше повеќе пари, а неговиот агент Пини Захави кажа дека инсистирале платата да биде 25 милиони евра, нешто што не можеше да го прифати Баерн.
„Билд“ објави дека раководството на клубот одржало состанок за иднината на Алаба и било решено дека неколку милиони од трансфери не им значат ништо и дека Алаба до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Баерн, по што ќе си замине беспатно.
Австриецот од јануари има можност да преговара со други тимови, а останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.