„Билд“ пренесува: Борусија Дортмунд веќе бара замени за Џејдон Санчо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот медиум „Билд“ пренесува дека од редовите на Борусија Дортмунд веќе ја започнале потрагата по замена за Џејдон Санчо.

Англискиот репрезентативец речиси сигурно ќе си замине од клубот и ќе се врати во Англија од каде има сериозен интерес од Манчестер Јунајтед.

Борусија за него ќе бара сума од над 100 милиони фунти, слично колку што плати Барселона за Усман Дембеле пред две години.

А следната сезона меѓу „милионерите“ би требало да пристигне Хаваиро Дилросун, фудбалерот на Герта, како и Ферна Торес играчот кој со успех настапува за Валенсија.