Билиќ ја губи трката: Италијаните им ја земаат најважната зделка во ова лето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи се вклучи во лов на напаѓачот на Милан Колумбиецот Карлос Бака на кој во Вест Хем смета Славен Билиќ.

Вест Хем и Милан веќе постигнаа договор околу оштета за Бака, а на Колумбиецот му е одреден рок од 48 часа да се изјасни дали сака да ја продолжи кариерата во Лондон.

Според последните информации на англиските медиуми оштетата изнесува 30 милиони евра. Меѓутоа, Наполи за Бака понуди 20 милиони евра и играчот за врска Омар Ел Кадури.

Билиќ се надева дека Бака сепак ќе го доведе во Лондон, но италијанските медиуми се уверени дека Колумбиецот ќе ги одбие бидејќи сака да настапува во ЛШ.

Во Наполи Бака го гледаат како замена за Гонзало Игуаин или за Маноло Габиадини бидејќи е речиси сигурно дека еден од нив двајца ќе го напушти градот под Везув. Бака од 2015 година е член на Милан, а во минатата сезона во 42 настапи постигна 20 голови.

Билиќ вчера на подготовките во Австрија повтори дека купувањето на напаѓач е приоритет на Вест Хем пред почетокот на сезоната.

„Разговарав со Манџукиќ, но знаете дека тој игра во Јувентус. Тоа е голем клуб“ ги прекина поранешниот хрватски селектор шпекулациите за што во минатите денови се занимаваат италијанските и англиските медиуми.