Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Њукасл е клуб кој во следниот период треба да биде преземен од саудискиот принц Мохамед Бин Салман. Тој треба да вложи многу пари во премиерлигашот во следниот преоден рок, со цел да изгради екипа која може да се бори за титулата.
Арапскиот газда сака да создаде супер-тим подготвен за најголемите предизвици, а прва цел ќе биде пласман во Лигата на шампиони.
„ЕСПН“ објави дека раководството на Њукасл ќе пазарува од Мадрид, Париз и Неапол со цел да создаде страшно напаѓачко трио од Едисон Кавани, Герет Бејл и Дрис Мертенс.
Кавани и Мертенс имаат договори до лето, па можат да ги привлечат со големи плати, додека Бејл ќе биде потешка мисија бидејќи репрезентативецот на Велс не сака да го напушти Мадрид.