Бираги од Интер во Фиорентина, па сега назад на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Кристијано Бираги се врати во матичниот Интер на позајмица од Фиорентина.

Гигантот од Милано објави дека Бираги повторно ќе го носи дресот на „нераѕурите“, кадешто ќе остане до крајот на сезоната на позајмица.

Левиот бек почна да игра фудбал на „Џузепе Меаца“, но одигра само два меча за Интер и тоа во Лигата на шампиони, по што беше продаден во Фиорентина, кадешто доби голема минутажа и стигна до дресот на Италија.

Поради тоа Интер реши да го врати во своите редови, а засега не е познато дали планираат да го откупат на крајот на сезоната.