Битка на титаните на Вимблдон: Алкараз закажа финале против Ѓоковиќ


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финале на Вимблдон, откако го совлада Русинот Данил Медведев со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-3 и 6-3.

Медведев не даде отпор каков што се очекуваше, па шпанскиот тенисер лесно ги освои сите три сета и си закажа пресметка против Ѓоковиќ.

Алкараз ќе се обиде да му се одмазди на Ѓоковиќ за поразот во полуфиналето на Вимблдон, а воедно и да го запре на патот да го освои 24. гренслем-турнир во кариерата.